Луис Суарез го прослави својот 100. настап во уругвајскиот дрес со гол, кој беше доволен за 1:0 победа над Саудиска Арабија, резултат со кој се разјаснува кој оди каде во групата А.
Уругвај и Русија сега имаат по шест поени, додека Египет и Саудиска Арабија се без поени по два меча, така што двете репрезентации се сигурни во осминафиналето, и во меѓусебниот дуел ќе одлучуваат кој ќе го заземе првото место во групата. Саудијците и Египќаните, заедно со Мароканците од групата Б веќе се елиминирани.
GOAL!!! LUIS SUAREZ SCORES ON HIS 100TH APPEARANCE! WHAT WAS THE GOALKEEPER DOING?!#WorldCup #URU #KSA #URUKSA pic.twitter.com/4I2eE9A1Hc
— FIFA World Cup (@WorIdCupUpdates) June 20, 2018
На „Ростов арената“, Уругвајците стартуваа напаѓачки, иако за првата вистинска шанса се чекаше до 11. минута, кога Кавани шутираше над голот. Саудијците првата шанса ја имаа во 20. минута преку Салем, пред само три минути подоцна, Уругвај да дојде во водство, откако голманот на азискиот клуб направи погрешна проценка, а Луис Суарез не згреши во својот јубилеен 100. настап за Уругвај, откако беше непрепознатлив во првиот меч против Египет.
Luis Suarez – the first player to score at three different editions of the #WorldCup for @Uruguay! pic.twitter.com/B2xfSuZd47
— FIFA World Cup ? (@FIFAWorldCup) June 20, 2018
Суарез влегува во историјата на уругвајскиот фудбал како прв фудбалер кој успеал да постигне голови на три различни Светски првенства.
Саудијците во првото полувреме беа далеку подобри од мизерната партија против Русија (која ја загубија со 5:0), добивајќи шанса преку Фахад во 28. минута. Тие очигледно беа помотивирани за игра, дали поради заканите за казна за лошиот прв натпревар, дали поради хоророт кој се случи со палењето на нивниот авион на патот до Ростов.
Сепак, Уругвај ја контролираше топката и во второто полувреме имаа шанса преку Суарез во 50. минута со удар од далеку и со Санчез во 62. минута, кој по добрата топка од Кавани лошо реагираше со глава.
Во 85. минута, ѕвездата на ПСЖ, Единсон Кавани се најде само пред голот на Саудијците во одлична шанса, но неговиот удар беше изблокиран од истрчаниот голман во најдобрата шанса во второто полувреме.
Фото: ЕПА