Александер Бољшунов доминираше во скиатлонот 15+15 километри, за да го освои првото злато за Русија (официјално Рускиот олимписки комитет) на Олимпијадата во Пекинг.
Откако пред четири години во Пјонгчанг освои три сребра и една бронза, 25-годишиот Бољшунов го победи својот сонародник Денис Спицов за златото, додека шампионот од 2018 година, Финецот Илво Нисканен го освои бронзениот медал.
Победата за Бољшунов е уште поимпресивна откако тој падна на стартот на трката, но се врати моќно и поведе со предност од повеќе од една минута на четири километри до крајот.
Alexander Bolshunov of ROC wins the #CrossCountrySkiing Men's 15km + 15km Skiathlon and his first Olympic #Gold medal!#Beijing2022 | #StrongerTogether pic.twitter.com/6rEtCYFfFD
— Olympics (@Olympics) February 6, 2022