Top Sport

Никола Маркоски се договори со Еурофарм Работник

Македонскиот репрезентативец Никола Марковски е нов член на РК Еурофарм Работник. Кружниот напаѓач се договори со управата на битолскиот клуб и ќе ја засили екипата која ќе ја репрезентира нашата земја во Европа.

Марковки е искусен ракометар, кој во кариерата играл во Вардар, Металург, Зомимак и Работнички, а минатата сезона ја мина во Романија, во екипата на Орошази.

28-годишниот Никола Маркоски е стандарден репрезентативец на Македонија. Неговиот договор е со важност до јуни следната година.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');