Top Sport

Колумбиска работа! Санчез добивал закани со смрт по црвениот картон

Карлос Санчез добивал закани со смрт по неговиот црвен картон во поразот на Колумбија од Јапонија во првиот меч на Светското првенство во Русија, по што беа неизбежни споредбите со СП во 1994 година, кога дефанзивецот Андрес Ескобар беше убиен во Колумбија неколку дена по неговиот автогол на СП во САД.

Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Санчез, кој има играно и за Астон Вила, реши да се обиде да го одбрани со раце ударот на Шинџи Кавага за да биде досуден пенал и тој да добие директен црвен картон на почетокот на мечот.  Јапонија на крајот победи со 2:1 за „Лос кафетерос“ да си ги загрозат шансите за пласман во осминафиналето.

По неколку закани преку социјалните мрежи, колумбиската полиција потврди дека ги истражува заканите кон фудбалерот, објавува британскиот весник „Гардијан“. Колумбискиот селектор Хозе Пекерман изјави дека Санчез е еден од „клучните играчи“ за неговата репрезентација. Тој нема да може да стартува против Полска во недела поради црвениот картон.



Scroll to Top