Top Sport

Јунајтед го комплетираа трансферот на Фред за 52.5 милиони фунти

Бразилскиот играч од среден ред, Фред стана четвртиот најскап фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед, откако гигантот од „Олд Трафорд“ плати 52.5 милиони фунти на Шахтјор Доњецк по пет години во украинскиот клуб.

Бразилецот потпиша петгодишен договор со Јунајтед со опција за уште 12 месеци, и сега е второто засилување на премиерлигашот по Португалецот Диого Далот од Порто. Интересно, Фред беше „мета“ на градските ривали Манчестер сити, но тие не се договорија во јануари.

Фред, кој има осум настапи за браилската репрезентација и е во составот за Русија 2018, ги поминал медицинските тестови уште пред стартот на шампионатот.

„Фред ќе биде засилување на средниот ред, кое ни е потребно. Со неговата креативност ќе добиеме поинаква димензија во играта“, изјави менаџерот Жозе Мурињо.

Бразилецот беше презадоволен од трансферот.

„Ова е најголемиот клуб на светот и пресреќен сум што конечно сум член. Да се работи со Жозе Мурињо, еден од најтрофејните тренери на денешницата е шанса која не се пропушташе. Им благодарам на сите во Шатхјор кои направија многу за мене последните пет години“, изјави Фред.

Scroll to Top