МЛС тимот Чикаго фајр го комплетираше трансферот на швајцарскиот репрезентативец Џерда Шаќири од францускиот Лион, во најскапиот трансфер на американскиот клуб.
Шаќири, поранешен фудбалер на Баерн Минхен, Интер и Ливерпул, пристигнува во САД со договор до крајот на сезоната 2024 за 7.5 милиони долари.
Шаќири ја почна кариерата со Базел, пред да направи трансфер во Премиерлигата во Стоук сити, за кои одигра три сезони и имаше 15 гола. Тој има освоено титули во Англија, Германија и Швајцарија, а за швајцарската репрезентација има 100 настапи и 26 гола.
Сезоната во МЛС лигата започнува на 26 февруари.
You see that chair? It means he's OURS. ? pic.twitter.com/hUot38CUAa
— Chicago Fire FC (@ChicagoFire) February 9, 2022
Iconic. @BSchweinsteiger ? @XS_11official pic.twitter.com/afadrE56yr
— Chicago Fire FC (@ChicagoFire) February 9, 2022