Top Sport

Мурињо за Алексис Санчез: Гледате, во Италија му оди одлично!

Жозе Мурињо беше човекот кој наводно го „избрка“ Алексис Санчез од Манчестер јунајтед во Интер, но сега, како тренер на Рома вели дека таа одлука била исправна бидејќи Чилеанецот не бил во „природниот хабитат“ во Англија и ја вратил својата форма во Интер.

Ова доаѓа откако вчера Алексис постигна фантастичен гол за да помогне Интер да стигне до 2:0 победа над Рома и да ја елиминира „волчицата“ од четврт-финалето на Копа Италија. Мурињо (не)славно го опиша Санчез како „тажен човек“ кога работеа заедно на „Олд Трафорд“ од 2017 до 2019 пред неговиот трансфер во Интер.

„Зборував со него пред да почне натпреварот. Во Англија, тој не беше во природниот хабитат. Тука во Интер е среќен и убаво му е во Италија. Голот беше одличен и го смени натпреварот, но имаше фаул пред таа акција и мораше да се провери со ВАР“, изјавил Мурињо за „ЕСПН Чиле“.

Ова беше шести гол на Санчез во 23 меча за Интер оваа сезона.

Мурињо доби прекрасен пречек кај Интер, па Алексис го испрати со „бомба“

Мурињо: Алексис Санчез беше тажен човек во Манчестер

Scroll to Top