УЕФА подготвува големи промени во форматот на Лигата на шампионите. Сегашниот натпреварувачки систем ќе замине во историјата во 2024 година.
Планот на УЕФА е лига во која ќе учествуваат 36 клубови. Секој учесник ќе одигра најмалку десет натпревари. Нема да се игра по принципот дома-гости, туку секој тим пет пати ќе биде домаќин и пет пати гостин против различни екипи.
УЕФА, двојките ќе г одредува според рејтингот на нејзината листа.
На крајот најдобрите осум екипи ќе изборат директен пласман во осмина-финалето, тимовите од 9. до 24.место ќе играат плејоф. Носители ќе бидат клубовите кои ќе бидат пласирани од 9. до 16.место.
Најдобрите осум потоа ќе им се приклучат на победниците во плејофот со што ќе започне нокаут фазата и борбата за трофејот.