Италијанскиот прволигаш Салернитана објави „шок“ откако двајца членови на нивниот младински тим беа уапсени за грабеж на странци во Салерно.
„Инцидентот во кој се вклучени двајца наши младински фудбалери не остави во шок. Доколку се потврди со истрагата, тоа ќе биде сериозен проблем кој се коси со спортските вредности кои ги почитуваме во нашиот клуб“, објавија од Салернитана.
Според „Тутомеркато“, двајцата фудбалери биле уапсени, па пуштени на слобода бидејќи се малолетни, а истрагата продолжува. Се верува дека се работи за млади фудбалери со потекло од Салерно.
Salernitana, giovanili sotto shock: due calciatori arrestati per scippo. Iervolino prende le distanze https://t.co/LODvQ9wlAf
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) February 10, 2022