Присуството на Кристијано Роналдо во соблекувалната на Манчестер јунајтед ги „плаши“ неговите соиграчи, тврди поранешниот фудбалер на Ливерпул, Германецот Дитмар Хаман, кој вели дека поради тоа фудбалерите не играат како тим.
Роналдо имаше фантастичен старт по враќањето на „Олд Трафорд“ по 12 години, постигнувајќи два гола на првиот натпревар, и потоа по еден во следните два натпревари. Но, славеничката атмосфера во клубот згасна по слабите резултати, што резултираше во отказ за менаџерот Оле Гунар Солскјер и чувство дека Роналдо не го движи тимот напред.
„Секогаш постои голем знак прашалник околу Роналдо и тоа дали тој му пречи на тимот и дали луѓето се исплешени од него. Фудбалерите на Манчестер јунајтед немаат изградено тимски идентитет и тешко е да пристигне таков играч. Некој треба да обезбеди тие играчи да одат во иста насока, а тоа очигледно не е случајот во моментов. Во моментов Јунајтед исто така не е привлечно место за младите фудбалери како Џејдон Санчо, кому воопшто не му помогнаа. Навистина сум изненаден што игра толку лошо, но тоа може да се каже за целиот тим, кој нема идентитет. Тренерот мора да го реши тоа“, вели Хаман.