Кристијан Ериксен едвај чека да се врати во акција со Брентфорд и се надева дека нема да добива поинаков третман од соиграчите и ривалите откако минатото лето имаше срцев напад на Европското првенство.
29-годишниот Данец доби срцев удар на првиот меч на Данска против Финска во Копенхаген, кога беше клинички мртов, но се опорави и се враќа во фудбалот со вграден ИЦД дефибрилатор. Тој се договори за раскин на договорот со Интер, бидејќи не смееше да игра во Италија, и потпиша шестмесечен договор со Брентфорд, каде што менаџер е неговиот сонародник Томас Франк.
„Ми беше потребно време да бидам надвор од фудбалот и затоа не давав интервјуа. Се фокусирав на моето семејство. Првото нешто што го кажав на кардиологот беше дека цела е да бидам подготвен за Светското првенство. Има време. Првата цел со Брентфорд е да останеме во Премиерлигата и да помогнам. Дефибрилаторот не ми пречи, освен на аеродромите со безбедносните системи. Се надевам дека ќе зборуваме за фудбалот и помалку за човекот кој имаше нешто што му се случи минатото лето. Се надевам дека ќе бидам третиран како сите други. Не мора да се грижат за мене како личност и како фудбалер. Да постоеја грижи немаше да се вратам на фудбалот“, вели Ериксен.