Top Sport

Тео Ернандез официјално во Милан до 2026 година

Како што се очекуваше, Тео Ернандез го продолжи договорот со Милан, со што ќе остане со „росонерите“ до 2026 година.

24-годишниот француски лев беке стана еден од најважните играчи во тимот на Стефано Пиоли, импресионирајќи во одбраната и во нападот, и предизвикуваше интерес на повеќе клубови, пред Милан да го обврзе до 30 јуни 2026 година.

Ернандез пристигна во Милан во 2019 од Реал Мадрид и оваа сезона има 27 настапи во кои постигна четири гола и имаше осум асистенции. Тој ќе заработува околу 4 милиони евра годишно во Милано, со што ќе биде еден од најплатените фудбалери на „росонерите“.

Scroll to Top