Порто остана непоразен во последните 50 меча во португалската лига по големото дерби против Спортинг Лисабон по импресивниот камбек, но мечот ќе остане одбележан со масовната турканица и тепачка на над 40 луѓе, во која учествуваа дури и момчињата кои собираат топки.
Хаосот се случи во деветтата (и последна) минута од продолжеието во мечот. Спортинг имаа 2:0 предност во првото полувреме, пред Порто да израмни во 78. минута на „Драгао“ и да тргне по победнички гол. Проблемот настана кога голманот Антонио Адан интервенираше пред ветеранот Пепе, кој доби удар од ногата на Жоао Палиња, по што почна хаосот, и судијата мораше да додели дури три црвени картони.
Тренерите се обидуваа да ги смират своите играчи, но хаосот траеше барем пет минути, за на крајот двата тима да си отидат во соблекувалната. Порто останува непоразен оваа сезона во Примиера, сега со шест поени предност пред Спортинг.
Five minutes of ABSOLUTE CHAOS to end a thriller between Porto and Sporting ??
Pepe received one of three red cards shown after the final whistle, as carnage broke out between both sets of players and staff.
The Dragons extend their unbeaten run to 50 matches! ?? pic.twitter.com/i0F2Dmf1Dh
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 11, 2022