Top Sport

Марсијал во Јунајтед никаде го немаше, во Севилја стана херој по два меча

Антони Марсијал вчера имаше домашно деби за Севилја на „Рамон Санчез Писхуан“, каде што доби неверојатни аплаузи од навивачите откако имаше одличен меч и забележа две асистенции при 2:0 победата над Елче.

26-годишниот Французин „никаде го немаше“ во тимот на Јунајтед под Оле Гунар Солскјер и неговиот наследник Ралф Рангник оваа сезона, но очигледно преселбата во топлите краишта му одговараше. Оваа сезона за Јуанјтед тој имаше осум настапи и само еден гол. Тренерот Хулен Лопетеги е презадоволен.

„Тој е фудбалер со несомнен квалитет, но ќе му биде потребно да се адаптира. Во неговиот тим тој не играше, а знае да биде добар на повеќе позиции“, изјави Лопетеги.

Scroll to Top