Top Sport

Федерер пак се намачи, но ќе игра во полуфиналето во Хале

На деветкратниот шампион од Гери Вебер опен во Хале, не му оди најдобро обидот да ја освои својата 10. титула од подготвителниот турнир за Вимблдон, но сепак, ќе игра во полуфиналето.

Откако спасуваше две меч топки против Беноа Пер во второто коло, Федерер успеа да го победи Австралиецот Мет Ебден со 7:6(2)/7:5 за пласман во полуфиналето на турнирот кој мора да го освои ако сака да остане светски тенисер број 1.

Првиот сет беше одлучен во тај-брејк додека Швајцарецот мораше двапати да се врати од брејк негатива во вториот за тесната победа, негова 18 во низа на трева – тој последен пат загуби во првото коло во Штутгарт пред една година, за оваа година да го освои трофејот во Германија.

Следен за Федерер е квалификантот Денис Кудла, кој со 6:2/7:5 го совлада Јапонецот Јуичи Сугита.

Scroll to Top