Англискиот капитен Хери Кејн не ја крие желбата да биде најдобар стрелец на Мундијалот во Русија, велејќи дека ќе се обиде да го стигне Кристијано Роналдо, кој засега по некомплетни две кола е најдобар стрелец.
Роналдо постигна хет-трик против Шпанија за 3:3 реми, и еден гол против Мароко за 1:0 победа, додека Хери Кејн стрелаше двапати во единствениот меч за Англија на Мундијалот против Тунис за 2:1 победа.
„Сега, треба да постигнам хет-трик и ќе бидам пред него“, изјави Кејн, кој имаше само три удари на голот на Тунис во мечот.
Играчот од средниот ред на Англија, Џордан Хендерсон, сепак, вели дека Англија е повеќе од само „тим на Хери Кејн“.
„Ние сме многу повеќе од само Хери Кејн. Секако, тој е многу важен играч за него и неговите голгетерски способности сами кажуваат многу, но имаме и други напаѓачи кои можат да асистираат и да дадат голови. Имаме луѓе кои ќе го поддржат Кејн, но исто така кои можат само да направат акција. Искрено, сакаме само да победуваме, и нема да ми пречи ако тој постигне многу голови, па нека зборуваат дека сме тим на Хери“, вели Хендерсон.
Фото: ЕПА