Новак Ѓоковиќ во ексклузивно интервју за Би-би-си го потврди својот став дека нема да се вакцинира, дури тоа и да значи дека нема да може да учествува на најголемите турнири. Во интервјуто рекол дека не е антиваксер, туку дека едноставно ги почитува своите принципи.
Новинарот кој го водеше интервјуто, Амол Раџан, имал што да каже откако Ѓоковиќ го шокираше со изјавата.
„Мислам дека ова го направи за да се покаже дека не е дел од светското движење кое се противи на вакцинацијата и уште еднаш да и порача на Австралија дека не сакаше да ги прекрши нивните правила“.
На социјалните мрежи се појави реакцијата на Раџан во текот на интервјуто кога го праша Ѓоковиќ дали е подготвен да се откаже од шансата да стане најдобриот играч во историјата, само поради своите принципи.
@amolrajan : Ultimately, are you prepared to forego the chance to be the greatest player that ever picked up a racquet, statistically, because you feel so strongly about this jab?’#Djokovic : Yes.@amolrajan : Why, Novak, Why ??
?️: @BBCNews pic.twitter.com/xn4s377Wr0
— Kartheek (@karth__k) February 15, 2022
„Ако тоа значи дека ќе мора да ги пропуштиш Ролан Гарос, Вимблдон…Дали си подготвен да ја платиш таа цена?“, го праша Раџан Ѓоковиќ.
„Да, подготвен сум“, одговорил српскиот тенисер.
„Но зошто Новак, зошто?“, реагира Раџан.
„Принципот, дека јас ја носам одлуката за моето тело е поважна од останатото“, објасни Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ за задолжителната вакцинација: Принципите се поважни од трофеите