Top Sport

Ноел стана олимписки шампион во слалом

Клеман Ноел од Франција е новиот олимписки шампион во слалом. Французите по 20 години повторно имаат шампион во оваа дисциплина.

Ноел експлодираше во втората трка, откако првата ја заврши на шестото место. На крајот со вкупен резултат 1:44.09 минути го забележа најголемиот успех во досегашната кариера.

Јоханес Штролц, благодарение на првата трка, на крајот стигна до среброто. Австриецот имаше послабо време од победникот за 61 стотинка.

На третото место се пласираше светскиот првак од Кортина д’Ампецо, Норвежанецот Себастијан Фос-Солеванг (1:44.79).

Scroll to Top