Top Sport

Некој нов Вардар – „црвено-црните“ го уништија лидерот Монпелје сред Франција!

Дејвид Дејвис, очигледно, успеал да извлече нешто „ново“ од составот на Вардар, откако „црвено-црните“ во една маестрална партија стигнаа до неверојатна 28:25 (14:10) победа на гости кај лидерот во групата А во Лигата на шампионите, Монпелје.

Со апсолутно шокантната победа, Вардар ја прекина лошата низа од седум порази во европското елитно натпреварување и си ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите на ЕХФ.

По 22 минути игра, Вардар имаше четири гола предност (7:11) за на полувреме да отиде со идентична предност од 14:10, со дури десет различни ракометари во листата на стрелците. Кога се очекуваше камбек на францускиот тим во второто полувреме, Вардар дури успеа да стигне до 7 гола предност (23:16). Монпелје успеа да дојде на -4, но тогаш на сцена стапи Стојанче Стоилов со два гола.

Оливие Њокас со 5 гола беше најефикасен за Вардар, Стоилов и Жереми Тото додадоа по четири гола, додека за Монпелје, Иго Деска имаше шест, а Жулиен Бос додаде пет.

Фото: РК Вардар 1961

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Мешков Брест – Алборг 30:33 (15:17)

Монпелје – Вардар 25:28 (10:14)

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б

Веспрем – Порто 28:28 (15:15)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top