Мишел Гисин ја одбрани олимписката титула во алпска комбинација. Една од фавортките, Американката Микалеа Шифрин не успеа да заврши уште една трка во Пекинг.
Гисин од Пекинг ќе замине со злато во комбинација и бронза во супер-џи. Комбинацијата на спуст и слалом, Швајцарката ја заврши со време 2:25.67 минути. Одличното возење во слаломската трка и го донесе златниот медал.
Второто место го освои нејзината сонародничка, Венди Холендер, која забележа време 2:26.72 минути, а со бронзата се закити Италијанката Федерика Брињоне.