Спортистите ќе бида во главна улога и ќе бидат основната тема на затворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг. Оваа го потврди претставникот на организацискиот комитет, Јан Цијанжун.
„Колку што знам спортистите ќе бидат глава тема. Тие како учесници напорно тренирале за да постигнат врвни резултат. Тие ќе бидат хероите на церемонијата на свеченото затворање на Игрите“, рекол Цијанжун.
Тој смет дека свечената церемонија ќе биде кратка.
„За нас е најважно што Пекинг стана првиот град домаќин на Летна и Зимска олимпијада. Тој момент ќе биде истакнат на самата церемонија“.
Зимските олимписки игри во Пекинг ќе бидат затворени во недела, на 20.февруари.