Скудерија Ферари го претстави адутот за новата сезонава во шампионатот на Формула 1. Болидот „F1-75“, го промовираа Карлос Саинц и Шарл Лекерл. Со мали измени, овој болд на патеката ќе се појави минатата недела во Каталуња.
Изненадување е што Ферари веднаш го покажа болидот, за разлика од другите тимови кои очајнички сакаат да ги скријат своите болиди.
На болидот доминира црвената боја. Забележливи се деталите кои ги наложуваат новите правила, дизајнот на страничниот дел и уредот за ладење на врвот.