Top Sport

Барса со гол од пенал до реми со Наполи, Ренџерс со шок за Дортмунд

Патникот во осминафиналето на Лига Европа ќе се одлучува на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, откако Барселона и Наполи одиграа 1:1 реми на „Ноу Камп“ во меч во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и го имаше можеби најубавиот потег на натпреварот.

На „Вестфален“ пак, германскиот фаворит Борусија Дортмунд доживеа шокантен 2:4 пораз од Глазгов Ренџерс, Севилја победи на гостувањето во Русија кај Зенит Санкт Петерсбург, а Шериф со 2:0 ја победи Брага.

Во Барселона, Елиф Елмас во 29. минута успеа да го прати Жорди Алба „по бурек“ во 29. минута од мечот, по што го пронајде Пјотр Зиелински, кој во вториот обид успеа да ги донесе „партенопи“ до неочекувано водство.

Барселона имаше повеќе од играта и од шансите, но за гол им беше потребен пенал во 59. минута поради играње со рака, по што Феран Торес без проблем го реализираше.

Во Дортмунд, Борусија доживеа шок во финишот на првото полувреме, откако прво Џејмс Таверниер во 39. минута од пенал ги донесе Ренџерс на Џовани ван Бронкхорст во водство, за Алфредо Морелос во 41. минута да зголеми на 0:2. Џон Ландстрам во 49. минута ги донесе Ренџерс до 0:3 водство, пред Џуд Белингам да намали на 1:3 во 51. минута најавувајќи камбек на „милионерите“. Сепак, само три минути подоцна Загаду си постигна автогол за 1:4! Рафаел Гереиро во 82. минута ги постигна конечните 2:4.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Барселона – Наполи 1:1

Борусија Дортмунд – Ренџерс 2:4

Шериф Тираспол – Брага 2:0

Зенит Санкт Петерсбург – Реал Бетис 2:3

Аталанта – Олимпијакос 21.00 ч.

Порто – Лацио 21.00 ч.

РБ Лајпциг – Реал Сосиедад 21.00 ч.

Севилја – Динамо Загреб 21.00 ч.

Scroll to Top