Top Sport

Лестер без мака, Партизан победи во Чешка

Лестер со 4:1 го совлада данскиот Рандерс во првиот меч од 1/16 финалето на Конференциската лига на Европа, Партизан славеше со 1:0 кај Спарта Прага, додека норвешкиот Бодо/Глимт продолжи со одличните игри со 1:3 победа кај Селтик во Глазгов.

Валтер Ндиди ги донесе „лисиците“ во водство на „Кинг Пауер“ во 23. минута, но Данците израмнија преку Вито Хамершој-Мистрати во финишот на полувремето. Сепак во второто полувреме, тимот на Брендан Роџерс ја покажа силата со головите на Барнс, Дака и Дјузбери-Хол за убедлива победа.

На Партизан му беше доволен голот на Холанѓанецот Квинси Мениг во 78. победа за важна победа на гости кај Спарта во Чешка, додека Бодо/Глимт по убедливата победа над Рома во групната фаза стигна до славна 1:3 победа на „Селтик парк“.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ

Селтик – Бодо/Глимт 1:3

Лестер – Рандерс 4:1

Марсеј – Карабаг 3:1

Спарта Прага – Партизан 0:1

ПРЕТХОДНО ИГРАА:

Фенербахче – Славија Прага 2:3

Митјиланд – ПАОК 1:0

ПСВ Ајндховен – Макаби Тел Авив 1:0

Рапид Виена – Витесе 2:1

Scroll to Top