Top Sport

Пелистер елиминиран од ТФТ

Екипата на ТФТ е првиот полу-финалист во Купот „Благоја Герогиевски-Буштур“. Во првото четврт-финале ТФТ, го победи лидерот во првенството Пелистер со 103:95. Пелистер и лани, натпреварите во Купот ги заврши во оваа фаза.

Одличниот процент на реализација им овозможи на кошаркарите на ТФТ да го елиминираат фаворитот. ТФТ реализираа 53 отсто од обидите за три поени, вкупно постигнаа 14 тројки.

Осуммина кошаркари на ТФТ постигнаа двоцифрен број на поени. Најефикасен беше поранешниот репрезентативец Александар Костоски со 22 поени и девет асистенции.

ТФТ за место во финалето ќе игра против подобриот од дуелот Академија ФМП-Еуро Никел.

„Победата ја посакувавме, не ја насетувавме, но сигурно е дека верувавме. Им објаснив на момците дека овој систем на натпреварување е елиминациски и нема поправен испит. Излеговме на терен, оставивме се од нас и се чувствуваме како победници. Заслужено дојдовме до победата, го контролиравме резултатот цел натпревар. Премногу горд сум на момците и се надевам дека имаме сила да дојдеме до финале, па зошто и не да го донесеме првиот трофеј во историјата на ТФТ. Потајно се надеваме на пехар, ги знаеме можните ривали во полуфиналето. Ние сме една од најдобро физички подготвените екипи во Македонија и во еден ваков систем на натпреварување значи три натпревари во три дена, имаме мала предност во останатите екипи. Исто така, условно кажано, играме на домашен терен, па се надевам дека ќе имаме голема поддршка од трибините“, изјави тренерот на ТФТ, Боро Смилковски по пласманот во полу-финалето.

Извор/ kfsm.mk

Scroll to Top