Top Sport

Нов рекорд – Норвешка го освои 15. злато во Пекинг

Норвешка по победата на Јоханес Тингнес Бо, на бијатлонската трка на 15 километри масовен старт, го освои рекордниот 15.златен медал на Зимските олимпијади.

Пред четири години во Пјонгчанг, Норвешка освои 14 златни медали и тој рекорд го делеше со Германија и Канада. Германците 14 победи славеа на ЗОИ во Пјонгчанг пред четири години, а Канаѓаните 14 златни медали освоија на домашен терен во Ванкувер во 2010 година.

Половна од златните медали за Норвешка ги освоија во бијатлон Бо и Марта Олсбу Ројселанд. Бо во Пекинг досега освои четири, а Ројселанд три златни медали.

Четири златни медали Норвешка освои во крос кантри, два во нордиска комбинација и по еден во брзо лизгање, скијачки скокови, слободно скијање и брзо лизгање.

Scroll to Top