Луис Хамилтон ја запечати својата четврта светска титула – иронично со судир со својот главен ривал Себастијан Фетел во првиот круг на Мексиканското ГП, по што Макс Ферстапен стигна до лесна победа за Ред бул.
„Вива Мексико! Големо благодарам за сите кои дојдоа, а мексиканските фанови се познати како најдобри на светот. Имав добар старт, не знам што се случи на таа трета кривина, бидејќи му дадов на Фетел доволно место. Големо благодарам до моето семејство, мојот тим. Мерцедес се најпрекрасното нешто последните пет години“, изјави Хамилтон.
За 32-годишниот Англичанец ова е фантастична четврта светска титула, откако ја освои првата титула со Мекларен во 2008 година, неговата втора сезона во Ф1, за потоа да доминира на патот до круните во 2014 и 2015 година со Мерцедес. Минатата година, тој ја загуби борбата со ривалот од детството и клупски колега, Нико Розберг, но оваа година немаше сомнеж дека трофејот е во неговите раце.
Со трофејот Хамилтон е најуспешниот британски возач во Формула 1, поминувајќи го легендарниот Сер Џеки Стјуарт. Со овој трофеј, тој се израмнува со Фетел и Алан Прост со 4 титули, а единствени пред нив се легендите на спортот Фанџо (5) и Шумахер (7).
Титулата не дојде лесно иако доаѓа на две трки пред крајот на сезоната – Ферари оваа година беа силен ривал, посебно во првиот дел од сезоната, но нивниот „колапс“ по судирот на Фетел со Раиконен во Сингапур и двете откажувања на моторите, беа клучни за трофејот да заврши кај Мерцедес.
Relive the DRAMA of Lap 1️⃣ in the ?? #MexicoGP… contact between Hamilton & Vettel! #F1 ? pic.twitter.com/puA7l76vo2
— James Wagner (@JamesWagnerTW) October 29, 2017
Хамилтон и Фетел се удрија во втората кривина додека се обидуваа да го „фатат“ Ферстапен кој „избега“ по фантастичниот старт, и двајцата мораа да заминат во боксот, Хамилтон поради дупната гума, Фетел поради оштетување на носот на болидот. Бидејќи на Фетел му требаше да биде прв или втор во трката за да ги задржи математичките шанси за трофејот, борбата за титулата беше одлучена тука.
Стјуардите решија дека нема причина за барање виновник за инцидентот, иако Хамилтон преку радиото го праша тимот: „Дали тој ме удри намерно“.
Фетел подобро се снајде во поминувањето на болидите од Хамилтон, но на крајот успеа да стигне само до четвртото место, и кога му беше споменато дека колегата Кими Раиконен е на дури 24 секунди пред него на третото место преку радиото додаде: „Мама миа, тоа е премногу“.
До крајот на Ф1 сезоната има уште две трки – Бразилското ГП во Сао Пауло и Абу Даби ГП трката.
Cla | Driver | Chassis | Engine | Time |
---|---|---|---|---|
1 | Max Verstappen | Red Bull | TAG | 1:36’26.550 |
2 | Valtteri Bottas | Mercedes | Mercedes | 19.678 |
3 | Kimi Raikkonen | Ferrari | Ferrari | 54.007 |
4 | Sebastian Vettel | Ferrari | Ferrari | 70.078 |
5 | Esteban Ocon | Force India | Mercedes | 1 lap |
6 | Lance Stroll | Williams | Mercedes | 1 lap |
7 | Sergio Perez | Force India | Mercedes | 1 lap |
8 | Kevin Magnussen | Haas | Ferrari | 1 lap |
9 | Lewis Hamilton | Mercedes | Mercedes | 1 lap |
10 | Fernando Alonso | McLaren | Honda | 1 lap |
11 | Felipe Massa | Williams | Mercedes | 1 lap |
12 | Stoffel Vandoorne | McLaren | Honda | 1 lap |
13 | Pierre Gasly | Toro Rosso | Renault | 1 lap |
14 | Pascal Wehrlein | Sauber | Ferrari | 2 laps |
15 | Romain Grosjean | Haas | Ferrari | 2 laps |
Carlos Sainz | Renault | Renault | ||
Marcus Ericsson | Sauber | Ferrari | ||
Brendon Hartley | Toro Rosso | Renault | ||
Nico Hulkenberg | Renault | Renault | ||
Daniel Ricciardo | Red Bull | TAG |