Top Sport

Манчестер јунајтед би му дозволиле на Роналдо да замине

Манчестер јунајтед нема да бидат пречка доколку Кристијано Роналдо реши да си замине од „Олд Трафорд“ една сезона по враќањето во Премиерлигата, тврди британскиот весник „Дејли мирор“.

Откако пред 12 години направи трансфер од Јунајтед во Реал Мадрид, 37-годишниот Португалец со многу фанфари се врати во својот стар клуб минатото лето по трансферот од Јувентус, и иако е најдобар стрелец на клубот оваа сезона со 15 гола, јасни се неговите фрустрации од слабата форма и шпекулациите велат дека бара излез веќе во јуни, посебно ако не успеат да влезат во Лигата на шампиони.

Според „Дејли мирор“, во клубот прифаќаат дека враќањето на Роналдо било „емотивна погрешна проценка“ мотивирана од комерцијални фактори и од спречување да се приклучи на градскиот ривал Манчестер сити.

Scroll to Top