Top Sport

Популарноста на Ф1 „експлодираше“ во 2021

Неизвесната сезона и битката помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен предизвика популарноста на Формула 1 во 2021 година да доживее фантастичен раст, покажуваат бројките објавени од Формула 1 шампионатот.

Ова доаѓа по најдраматичниот финиш на една сезона во последната деценија, откако Ферстапен го помина Хамилтон во последниот круг од последната трка  во Абу Даби, во трка во која привлекла фантастични 108.7 милиони луѓе, пораст од 29 отсто во однос на претходната година и за споредба, со повеќе гледачи од американската атракција НФЛ Суперболот.

Вкупната ТВ публика во 2021 беше 1.55 милијарди, 4 отсто раст од 2020. Други најгледани трки минатата сезона беа Бахреин ГП (84.5 милиони гледачи), Бразилското ГП (82.1 милиони гледачи), Италијанското ГП (80.4 милиони гледачи) и Британското ГП (79.5 милиони гледачи).

Растот на Ф1 е огромен и на социјалните мрежи – со 40 отсто зголемување на пристап на сите сајтови и платформи, со што Ф1 го следат 49.1 милиони гледачи. Видео-прегледите на официјалниот сајт пораснаа на 50 отсто на 7 милијарди, а посетата на официјалниот веб-сајт порасна за 44 отсто за над 7 милијарди посети.

Scroll to Top