Top Sport

Тухел: Сега не е време да му се смееме на Лукаку

Томас Тухел застана во одбрана на својот напаѓач Ромелу Лукаку по неверојатната статистика на мечот со Кристал палас, каде што само седум пати ја допре топката во 90 минути игра, посочувајќи дека сега не е време „да му се смееме“.

Во 12. премиерлигашки старт оваа сезона, Лукаку беше незабеллежив на теренот, а Челси ситигнаа до тесна 1:0 победа. По големиот трансфер од Интер од 98 милиони фунти, проблемите на Белгиецот на „Стемфорд Бриџ“ стануваат поголеми секој ден, и Тухел пред мечот од ЛШ против Лил вели дека нема да има проблем тој повторно да е стартер.

„Не е време да му се смееме, тој е наш фудбалер и ќе го заштитиме. Да, ја видов статистиката. Што можам да направам? Не знам, но мора да се справиме со тоа. Податоците кажаа дека тој не беше во натпреварот. Со напаѓачите, може да биде така кога им недостасува самодоверба или имаат лош ден“, вели Тухел.

Луда статистика – Лукаку седум пати ја допре топката против Палас

Scroll to Top