Top Sport

Шнајдерлин: Побарав да заминам од Јунајтед и веднаш зажалив

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Французиот Морган Шнајдерлин признава дека зажалил што побарал да си замине од клубот во 2017 година.

Тој пристигна на „Олд Трафорд“ во 2015 година по импресивните игри за Саутемптон, и иако беше стандарден во првата сезона под Луис ван Гал, кога пристигна Жозе Мурињо, тој добиваше помала минутажа, пред да побара следниот јануари да замине, и Јунајтед да го продаде на Евертон.

„Научив многу од заминувањето од Манчестер јунајтед. Играв 40 меча претходната сезона, но кога се вратив по ЕУРО, три-четири месеци играв многу малку. Роналд Куман во Евертон ме викаше секој ден, од октомври. Ќе се сеќавам на тоа цел живот – требаше да играм против Ливерпул и Мурињо ми вели дека не ме чувствува во групата. Се согласив со него и по тие три месеци сакам да одам во Евертон. Зажалив многу бргу“, објаснува Шнајдерлин за „Л’Екип“.

Кога тој замина, Андер Ерера доби повеќе шанси во првиот тим и стана првотимец под Мурињо и Оле Гунар Солскјер по него. Тој замина во ПСЖ во 2019 година, додека Шнајдерлин заврши во Ница по неуспешните сезои со Евертон.

„И да беше добро во Евертон, кога играш за Манчестер јунајтед, кога си во таков клуб нема сомнеж дека треба да останеш и да се бориш. Видете го Андер Ерера – кога пристигна беше на клупата, остана и денеска е во ПСЖ“, вели Шнајдерлин.

Scroll to Top