Top Sport

Мареј: Тенисот е подобар кога игра Новак Ѓоковиќ

Енди Мареј смета дека тенисот најмногу ќе страда ако неговиот долгогодишен пријател Новак Ѓоковиќ ги пропушти гренд слем турнирите, што е многу веројатно откако светскиот рекет број 1 изјави дека нема да се вакцинира и тешко е дека ќе може да настапи на Ролан Гарос, Вимблдон и САД опен.

Ѓоковиќ призна дека нема да игра на Мастерсот во Индијан Велс иако беше пријавен на турнирот, бидејќи не може да влезе во САД поради тоа што е невакциниран. Иако Мареј вели дека Србинот мора да си живее со последиците на неговата одлука, тој смета дека тенисот ќе пропушти многу.

„Не се согласувам со неговата одлука, мислам дека ќе биде многу полесно да реши да се вакцинира. Но, не ми се допаѓа да го видам во ситуација како во Австралија, посебно бидејќи тој е човек кого го почитувам и го познавам од детството. Тоа не беше убаво. Би било подобро за тенисот тој да игра гренд слем турнири, но има последици од неговата одлука и тоа мора да го прифати. Сепак, кога најдобриот не се ннатпреварува, не е добро за теисот“, вели Мареј.

Scroll to Top