Top Sport

Една недела по дисквалификацијата ѝ го вратија бронзениот медал

Швајцарката Фани Смит сепак го освои бронзениот медал во слободно скијање, дисциплина ски крос на Зимските олимписки игри во Пекинг. Меѓународната скијачка федерација, една недела по завршувањето на Игрите и ја врати бронзата на Смит.

Фани Смит, во финалната трка го освои третото место, пред Германката Даниеле Мајер. Сепак по завршувањето на трката таа доби дисквалификација поради „попречување на противничката“.

Швајцарците и Смит се жалеа на оваа одлука.

„Комисијата за жалби при Меѓународната скијачка федерација се состана четири пати, неколку часа и ја гледаа снимката од финалната трка. Заклучивме дека контактите во трката беа ненамерни“.

Инаку и по трката Германката Мајер, признала дека Смит не заслужила да биде дисквалификувана.

Олимписка шампионка во ски крос стана Сандра Неслунд од Шведска, среброто и припадна на Мариеле Томпсон од Канада.

Scroll to Top