Top Sport

Нов кикс на Манчестер јунајтед, Ериксен играше во поразот на Брентфорд

Манчестер јунајтед забележа уште еден кикс во Премиер лигата. Во рамките на 27.коло, Јунајтед одиграа без голови против давеникот Вотфорд. Рој Хоџсон, највозрасниот менаџер во Премиер лигата, уште еднаш остана непоразен на „Олд Трафорд“, претходно три пати тоа му успеа со Кристал Палас.

„Црвените ѓаволи“ успатија 22 удари кон голот на Фостер, но само три од нив одеа во рамките на голот. Најмногу промашуваа Португалците, Кристијано Роналдо и Бруно Ферандеш.

Роналдо ја погоди стативата, неколку пати бавно реагираше пред голот, додека Фернандеш промашуваше зицери.

Јунајтед се четврти на табелата, но имаат три натпревари повеќе од Арсенал. Екипата од лондон е само два бода зад Јунајтед. Во наредното коло, Јунајтед игра против градскиот ривал Сити, а потоа против Тотенхем.

Ова коло го обележа Кристијан Ериксен. Данецот дебитираше за Брентфорд во поразот од Њукасл 0:2. Ериксен на теренот влезе во 52.минута. Брентфорд од 13.минута играа со играч помалку, Дасилва доби директен црвен картон.

До крајот на полувремето Њукасл ја обезбедија победата со головите на Жоелингтон и Вилок.

Scroll to Top