Поранешниот двократен УФЦ шампион во тешка категорија, Каин Веласкез е уапсен во Калифорнија под сомнеж за обид за убиство во Сан Хозе во инцидент кој оставил еден човек повреден.
Американецот со мексиканско потекло наводно е вклучен во престелка во Морган Хил, на 30 километри од славната „Американска кикбокс академија“, каде што Веласкез тренира и каде што работеше Хабиб Нурмагомедов.
„Мотивот и условите околу престрелката се под истрага“, објави полицијата во Сан Хозе.
Веласкез во последниот меч на УФЦ Финикс во септември 2019 загуби од Френсис Нгану, по што ја заврши кариерата со 14-3 скор, пред да настапува во кечерската ВВЕ лига и во мексиканската Луча Либре борачка федерација.