Легендата на Милан, Алесандро Костакурта вели дека тој лично би го продолжил договорот на Златан Ибрахимовиќ, иако шведскиот ветеран веќе „не им е потребен“ на „росонерите“.
Поранешниот италијански дефанзивец во интервју за „Ил матино“ исто така типува на Наполи во трката за титулата во Италија, иако тие во моментов се израмнети со Милан пред неделното дерби на „Стадио Марадона“.
„Од тој резултат нема да се одреди шампионот, бидејќи двата тима не беа доволно постојани оваа сезона. Титулата ќе се одлучи подоцна, бидејќи нема тим кој може да избега на табелата. Спалети има совршен тим со Наполи за титулата, додека Пиоли само што создаде тим од многу индивидуални играчи. Мислам дека веќе не им е потребен Ибра. Јас би го заддржал уште една сезона, но веќе не зависат од него. Тоа е голем чекор напред, тимот созреа“, вели Костакурта.
Costacurta: "Il Milan non ha più bisogno di Ibra. Napoli da scudetto" https://t.co/kxZXvudX8m #Fantacalcio #FantacalcioSerieATIM pic.twitter.com/TUAv5YYaNA
— Fantacalcio (@Fantacalcio) March 2, 2022