Top Sport

Ѕјуба одговори на Украинците: Седите во англиските вили и зборувате гадости

Капитенот на руската репрезентација, Артем Ѕјуба одговори по критиките на украинските фудбалери дека молчи како „кучка“ за воената состојба кај соседите.

33-годишниот фудбалер на Зенит Санкт Петерсбург во долг пост на Инстаграм зборува дека е горд на тоа што е Русин и ги обвини украинските фудбалери дека „седат на своите задници во англиските вили“ и дека зборуваат гадости.

Ова доаѓа откако фудбалерот на Евертон, Виталиј Миколенко го нарече „тивка кучка“ за одбивањето да зборува за војната, дефанзивецот на Манчестер сити Олександер Зинченко му порача на Путин „болна смрт“, а Андриј Јармоленко од Вест хем изјави дека Ѕјуба сака „да ги покажува јајцата на камера, но не во вистинскиот живот“.

„До последно, не сакав да зборувам за Украина. Не бидејќи ми е страв, туку бидејќи не сум експерт за политика, не сум навлегувал во тоа и немам намера, за разлика на големиот број на политички научници и виролози кои се појавија на Интернет. Но, како сите, и јас имам свое мислење и бидејќи ме тераат, морам да кажам. Јас сум против војната, војната е страшна, но исто така сум против човечка агресија и омраза, која добива невидени размери. Против дискриминација според националноста. Не се срамам што сум Русин, туку сум горд и не сфаќам што имаат врска спортистите. Сите врескаат спортот надвор од политиката, но кога е Русија, тој принцип е заборавен. Во стресни ситуации луѓето ја покажуваат својата суштина, која понекогаш е негативна. Колку лутина, валканици и жолч се истури на Русите, без разлика на позицијата и професијата. Илјадници луѓе кои пишуваат навреди и закани… Застанете во ред. Многу е чудно да чујам од овие луѓе на кои Русија им даде многу во нивните животи. Војната ќе заврши, но човечките односиќе продолжат и ќе биде невозможно да се сменат. П.С. На некои колеги кои седат на задникот во своите вили во Англија и кажуваат гадости – ова не може да не навреди, сфаќаме се. Мир и добро за сите“, напиша Ѕјуба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Artem Dzyuba (@artem.dzyuba)

Миколенко до рускиот капитен Ѕјуба: Ќе скапете кучки и ќе се радувам

 

Scroll to Top