Роман Абрамович соопшти дека го продава Челси, а британските медиуми ја пласираа цената од три милијарди фунти, се појавија неколку заинтересирани за купување на клубот. Меѓу нив и славниот УФЦ борец Конор Мекгрегор.
Поранешниот УФЦ првак на веста за цената на социјалните мрежи напиша: „Би сакал да го истражам ова“, притоа означувајќи го Челси.
Неколку часа подоцна направи и чекор понатаму објавувајќи анимиран филм во кој носи обележја на лондонскиот клуб и се дружи со играчите и со Абрамович.
Мекгрегор пред неполна година објави дека сака да го купи Манчестер Јунајтед и јасно е дека сака да биде инволвиран во Премиерлигата. Проблемот е само во тоа што нема ни приближно доволно пари за купување на Челси.
I wish to explore this. @ChelseaFC pic.twitter.com/ABEjjCqhD7
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 2, 2022