Top Sport

Респект или случајност? Роналдо не сакаше да згазне на грбот на Атлетико

Иако навивачите на Атлетико Мадрид имаат причини да го мразат откако им даде неверојатни 25 гола во 31 мечеви, Кристијано Роналдо беше пофален од дел од нив на социјалните мечеви за случката на минатонеделниот меч на „Ванда Метрополитано“ меѓу Атлетико и Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид беше забележан како оди кон тунелот, кога сфати дека ќе згазне на грбот на Атлетико, пред малку да го смени својот правец.

„Речиси секогаш го мразам и речиси секогаш не уништува, но тука, само респект за Роналдо“, напиша еден фан на социјалните мрежи.

Роналдо не беше во листата на стрелците на првиот меч, кој заврши 1:1, но ќе има шанса да го направи тоа на реваншот на „Олд Трафорд“ на 15 март.

Scroll to Top