Top Sport

Вајналдум го напушти Париз, се враќа во Премиер лигата

Жоржињо Вајналдум направи грешка кога реши да го напушти Ливерпул и да се пресели во ПСЖ. Холанѓанецот, како слободен играч пристигна во Париз како големо засилување. Девет месеци по трансферот тој се подготвува да се врати во Премиер лигата.

31-годишникот беше еден од носителите на играта на Ливерпул. Во ПСЖ не успеа да се наметне. Ретко добива шанса да започне некој натпревар, а и кога ќе се случи тоа, тој е далеку од потребното ниво.

Поразителна е неговата статистика на мечот со Ница. Како централен играч од редот за врска, за 90.минути Вајналдум имал само 28 допири со топката. Повеќе од него топката во нозете ја има дури и голманот Кејлор Навас.

Англиските медиуми тврдат дека Вајналдум ќе се врати во Англија. Според овие извори, Астон Вила се подготвени да издвојат 25.000.000 евра за Холанѓанецот.

Scroll to Top