Top Sport

Шенгелија побегна од ЦСКА Москва и потпиша за Виртус

Грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија е промовиран во нов играч на Виртус Болоња. Италијанскиот клуб ќе се обиде да го спои неговото искуство со луцидноста на српскиот интернационалец Милош Теодосиќ и да создаде нов одличен тандем до крајот на сезоната.

По стартот на воениот конфликт во Украина, Шенгелија одлучи да го напушти рускиот гигант ЦСКА Москва. Искусниот кошаркар играше сезонава и во Евролигата, а бележеше просек од 12,7 поени, со 4,7 скока и 2,5 асистенции.

Во својата кариера Шенгелија настапуваше за Валенсија, Шарлроа, Вервиер, Бруклин Нетс, Чикаго Булс, Басконија и за ЦСКА Москва.

Scroll to Top