Top Sport

Тотенхем го растури Евертон

Тотенхем се врати во вистински ритам и го декласира Евертон на домашен терен со 5-0. Тимот на Антонио Конте доминираше од стартот, а првиот гол беше всушност автогол на гостинскиот дефанзивец Мајкл Кин во 14.минута.

Само три минути подоцна погоди Хјонг – Минг Сон, а до крајот на полувремето мрежата на Евертон ја затресе и Хари Кејн.

Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа и Регилон и уште еднаш Хари Кејн.

 

Scroll to Top