Работнички го пречекува актуелниот првак Шкендија во дербито на 22.коло од Првата фудбалска лига. Три дена подоцна, поради одложувањето што го предизвикаа снежните врнежи, продолжува фудбалскиот шампионат, а „романтичарите“ се пред нов голем предизвик.
По триумфот над Скопје (0-1) во минатото коло, атмосферата во тимот е одлична, а голманот Бурхан Мустафа очекува ново квалитетно издание.
„Шкендија е актуелен првак, еден од најдобрите тимови во Првата македонска лига, секако дека ги респектираме. Но, исто така веруваме во нашиот квалитет и доколку одиграме на потребното ниво, верувам дека можеме да оствариме успех“, вели чуварот на мрежата, Бурхан Мустафа.
На останатите натпревари од Првата лига, денеска (14 часот) се среќаваат: Ренова – Шкупи, Струга Трим Лум – Македонија ЃП, Брегалница – Пелистер, Академија Пандев – Борец. Тиквеш и Скопје го отворија 22.коло во саботата, а победи домаќинот со 3:0.