УЕФА планира ново зголемување на бројот на учесници на Европското првенство во фудбал веќе од 2028 година, тврдат британските медиуми.
УЕФА го зголеми ЕП од 16 на 24 репрезентации во 2016 година, но по преговорите со своите 55 членки, односно фудбалските федерации, на сила добива идејата 32 репрезентации да бидат дел од континенталното натпреварување, тврди „Дејли мејл“. Со оваа промена, наместо 39 натпревари би имало дури 64 натпревари на првенството, а се очекува и спротиставување од ФИФА, која има свој план за оддржување на Мундијалите на секои две години.
Организацијата на ЕП во 2028 година најверојатно ќе ја добијат Велика Британија и Ирска, откако УЕФА ја отфрли кандидатурата на Русија, а Турција, по неуспехот да ги добие првенствата во 2016 и 2024, нема да ризикува и трет пораз.