Top Sport

Кевин Магнусен ќе го пополни местото на Мазепин во Хас

Данскиот возач Кевин Магнусен го комплетира изненадувачкото враќање во Формула 1 со својот поранешен тим Хас Ф1 како замена за Русинот Никита Мазепин, потврди американскиот тим.

29-годишниот Магнусен возеше четири сезони за Хас од 2017 до 2020 година, пред тој и Роман Грожан да бидат заменети со Мазепин и Мик Шумахер во Ф1. По ова, тој возеше во Индикар серијата, ИМСА серијата и во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ), за сега да му се пружи шанса за спектакуларно враќање откако Хас го раскина договорот со Мазепин и компанијата на неговиот татко, „Уралкали“.

„Бев изненаден, но и возбуден кога добив повик од Хас. Разгледував различни опции за 2022, но кога добив шанса да возам во Ф1 во тим кој добро го познавам, не можев да кажам не“, вели Магнусен.

Scroll to Top