Карим Бензема полека сигурно си го запечатува своето име во историјата на Реал Марид, откако во вечерта за паметење на „Сантијаго Бернабеу“ со својот хет-трик го елиминираше Пари Сен-Жермен во жестокото дерби, а во исто време се израмни со две легенди на клубот – Алфредо ди Стефано и Раул Гонзалез!
Со третиот гол против ПСЖ, тој стигна до својот 309. гол во дресот на „кралевите“, со што го помина Ди Стефано на третото место на вечната листа на стрелци на клубот. Пред него се само Кристијано Роналдо со 451 гол и Раул со 323 гола.
Со својот осми гол во ЛШ оваа сезона (личен рекорд), тој исто така се израмни со Раул со 66 гола во елитното европско натпреварување, а и тука рекордер останува Роналдо со (реално недостижни) 105 гола.