Top Sport

Лестер и Олимпик Марсеј со победи, ПСВ-Копенхаген неверојатни 4:4

Лестер и Олимпик Марсеј остварија победи во првите мечеви од осминафиналето на Конференциската Лига Европа на УЕФА, додека ПСВ Ајндховен се врати од 1:3 негатива, за да одигра возбудливи 4:4 со дански Копенхаген, а норвешкиот Бодо/Глимт го продолжи европскиот сон со 2:1 победа над АЗ Алкмар.

Марк Олбрајтон ги донесе Лестер во водство против францускиот Рен во 30. минута, пред во последните минути да му асистира на Келечи Ихеаначо за 2:0 предност пред реваншот. Марсеј со двата гола на Аркадијуш Милик стигна до 2:1 победа над Базел.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ

Бодо/Глимт – АЗ Алкмар 2:1

Лестер – Рен 2:0

Олимпик Марсеј – Базел 2:1

ПСВ Ајндховен – Копенхаген 4:4

Scroll to Top