Македонскиот ракометен првак Вардар ќе игра против Веспрем на првиот чекор од нокаут фазата во ЕХФ Лигата на шампионите. Доколку успее да го елиминира унгарскиот тим, тогаш во следната рунда го чека пресметка со Алборг. Ова е и официјално јасно по комплетирањето на натпреварите во групната фаза од елитното европско ракометно натпреварување.
Од групата А во плеј-офот ќе играат Алборг, Кил, ПИК Сегед, Монпелје, Вардар и Елверум, додека од групата Б тоа се Киелце, Барселона, ПСЖ, Веспрем, Порто и Фленсбург.
Осминафинални двојки во ЛШ (30/31 март, 6/7 април)
Вардар 1961 – Веспрем
Елверум – ПСЖ
Порто – Монпелје
Флензбург – ПИК Сегед
Четврт-финале (11/12, 18/19 мај)
Вардар/Веспрем – Алборг
Елверум/ПСЖ – Кил
Порто/Монпелје – Киелце
Фленсбург/ПИК Сегед – Барселона