Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед запиша нов пораз пред своите навивачи, овојпат загуби убедливо (0:3) од Астон Вила, а фановите се разочарани од игрите на своите миленици. Не помогна ниту промената на менаџерската позиција откако Џеси Марш го замени Марсело Биелса.
Интересно е дека фановите на Лидс Јунајтед бараат во клубот да се врати македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Тој остави одличен впечаток на „Иланд Роуд“ пред да замине во Саудиска Арабија, а неговиот наследник Жуниор Фирпо игра очајно во дресот на Лидс.
Тимот во овој момент има 23 бода, два повеќе од Барнли и очигледно дека ќе се бори за опстанок во англиската фудбалска елита.