Германскиот бундеслигаш Херта Берлин по само 3 месеци се раздели со тренерот Тајфун Коркут, соопштија од клубот. Ова се случи по петтиот последовен пораз на тимот во Бундеслигата. Херта загуби со 0:2 од Борусија Менхенгладбах.
Коркут го презеде тимот во ноември, наследувајќи го Пал Дардаи, но резултатите не се подобрија, а Херта падна на 17. место и се наоѓа во опасната зона на табелата.
„По ветувачкиот старт со 7 поени од првите четири натпревари, го анализиравме развојот и резултатите на деветте натпревари од продолжението на сезоната во јануари. Решивме да направиме нова промена на тренерската позиција“, изјави спортскиот директор Фреди Бобиќ.
Се очекува многу брзо да биде донесена одлука за наследникот на Тајфун Коркут на клупата на Херта.